Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев - Аврамопулос: Реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
18112019-_PVRSM_Zaev_Avramopulos_4

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва се сретна со европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, придружуван од амбасадорот на ЕУ во земјава, СамуелЖбогар.

— реклама —

На средбата се поздравени успешните политики на МВР и на Владата во делот на јакнење на капацитетите и соработката со ЕУ за справување со илегална миграција и за направените безбедносни реформи.

Констатирано е дека нашата држава ги исполни бараните стандарди од ЕУ и порачано е нашата држава да го задржи лидерството во реформскиот процес. Пренесена е пораката дека Република Северна Македонија ја има поддршката од Европската комисија којашто потврди дека нашата држава заслужува отворање на преговарачкиот процес.

— реклама —

На средбата, заеднички е констатирано дека европските интеграции се важни, како за стабилноста на нашата земја, така и на регионот.

— реклама —

-Работиме на спроведувањето на реформите и очекуваме да бидат вреднувани постигнатите резултати, како дома, така и во добрососедските односи. Почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ ќе овозможи проширување на соработката во борбата со криминалот и корупцијата, што ќе има резултати и на регионално ниво, рече премиерот Заев.

На состанокот, претседателот на Владата, Заев, се заблагодари на европскиот комесар, Аврамопулос за изразената поддршка за напредокот и интеграциските перспективи на Република Северна Македонија.

— реклама —

Европскиот комесар Димитрис Аврамопулос е во Скопје за дводневниот Министерски форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на финското претседателство со ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања