Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заев: Благодарам за топлото добредојде од канцеларката Меркел во Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-merkel

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров беше пречекан од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел пред почетокот на Конференцијата за Западен Балкан во Берлин.

— реклама —

Непосредно пред почетокот на Конференцијата, владината делегација оствари работен состанок со канцеларката Меркел на која главна тема на дискусија беа придобивките од Договорот од Преспа за стабилноста, соработката и мирот во регионот.

— реклама —

- Благодарам за топлото добредојде од канцеларката Меркел во Берлин, каде на нејзина и на покана од претседателот Макрон учествуваме на Конференција заедно со лидерите од земјите на Западен Балкан.

Надминувањето на проблемите и пријателството што го гради Северна Македонија претставуваат модел и извор на мир и стабилност што другите можат да го следат на патот на европските интеграции.

— реклама —

Подготвени сме и посветени на натамошен суштински придонес кон регионалната соработка и кон демократските реформи, напиша премиерот на ФБ.

— реклама —

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157438543437932

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања