„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Заев: Божик нека ни биде еден ден од многубројните што годинава ќе бидат исполнети со радост и со новата надеж за подобро утре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zaev

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во писмото со честитки по повод празникот Божик – Христово раѓање упатено до сите припадници на православната вероисповед, потсетува дека овој голем празник не повикува да го чествуваме не само заради историјата, а уште помалку, и најмалку заради обичаите, туку како празник потсетник да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање којашто не исполнува во овие свечени денови.

— реклама —

„Исполнети со таа радост да си посакаме сите еден на друг од срцата да извадиме сѐ што е непотребно, сѐ што е пречка за личен мир, за спокоен дух, за да можеме истото да им го подадеме на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро.

Денешниот празник, Божик – Рождество Христово, нека ни биде еден ден од многубројните што годинава ќе бидат исполнети со радост на патот на новата надеж за подобро утре за секој човек, во секој дом.

— реклама —

Таа надеж и желба за подобро утре да ја пренесеме и во нашиот заеднички дом, општеството, за да го изградиме како похумано и поправедно, со просперитетна иднина за сите“, пишува во писмото со честитки по повод празникот Божик - Рождество Христово, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања