Заев, Царовска и Јаневски од Струмица: Инвестициите во спортот и спортските сали се инвестиција во идните генерации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19022021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_Janevski_poseta-na-sportska-sala-vo-Strumica_3

Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, попладнево беа во посета на новоотворената спортска сала во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.

— реклама —

Новата сала со површина од 1300 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини е современ простор за изведување на наставата по физичко, за правилен развој на децата и за поттикнување на нивните први спортски интереси.

— реклама —

При посетата премиерот Заев рече: „Струмица е спортски град, со спортски традиции кои претставуваат значаен дел од македонскиот спорт и убеден сум дека вложувањето во физичката култура и во спортот ќе даде уште поголеми резултати. Спортската сала во основното училиште „Никола Вапцаров“ е енергетски ефикасна и наскоро ќе биде приклучена на градската гасоводна мрежа заради ставање во функција на топловодната инсталација како уште еден поволен услов за изведување на наставните и спортските активности.“

— реклама —

Министерката Царовска истакна дека отворањето на спортската сала е добра вест за децата, затоа што овие објекти се места каде што се создава љубовта кон спортот и се создаваат здрави млади луѓе, од кои некои ќе се развијат во врвни спортисти.

„Секое дете заслужува нормални услови за настава, вклучително и за настава по физичко образование. Затоа, еден од најкрупните проекти со кои значително се унапредува образовната инфраструктура е проектот за изградба на училишни спортски сали и рехабилитација на училишни објекти. Досега се завршени и предадени во употреба 88 спортски сали“, додаде Царовска.

Со изградбата на спортската сала решивме еден многу значаен проблем и задоволивме големи потреби во воспитно – образовниот процес, обезбедувајќи соодветна инфраструктурна поддршка за квалитетно физичко и здравствено образование.

„Ја користам приликата да се заблагодарам на премиерот Зоран Заев, на Владата која преку Министерството за образование обезбеди 40 милиони денари за изградба на салата, а свој удел имавме и ние како Општина со расчистување и подготовка на теренот за градба, приклучување на водоводната, канализационата и електродистрибутивната мрежа, а ќе го решиме и затоплувањето на салата со приклучување на гасоводната мрежа, во вкупен износ од над 2 милиони денари.

Со ова капитална инвестиција покажуваме и докажуваме дека Струмица со поддршка од Владата, навистина е грижлив град, кој се грижи за сите свои граѓани и секако за најмладите на кои им овозможуваме нови спортски објекти за правилен физички развој и создавање навики за здрав живот“, истакна градоначалникот Јаневски.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања