„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев - Ципрас: Договорот од Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
30092019_PVRSM_Zaev_sredba_Cipras_1

Во срдечна и пријателска атмосфера вечерва се одржа средбата меѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, кој е во нашата земја на покана на угледниот магазин „Економист“ како еден од главните говорници на Самитот за Западен Балкан – „Зајакнување на моментумот на европските интеграции“ што се одржува во Скопје.

— реклама —

Двајцата соговорници на средбата разговараа за придобивките од Преспанскиот договор и нагласија дека договорот ја заслужува севкупната поддршка од двете земји.

Решението постигнато со договорот потпишан во Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во односите меѓу земјите во регионот, заклучија премиерот Заев и поранешниот грчки премиер Ципрас.

— реклама —

Низ разговорот беше констатирано дека од 17 јуни минатата година соработката меѓу двете земји се продлабочува, откако беше поставена на темелите на договорот за ново пријателство и стратешко партнерство.

На средбата Заев и Ципрас констатираа поголем број придобивки како што е зголемената трговска размена за 20% за само една година, покренатите постапки за нови гранични премини меѓу двете земји, блиската соработка во сферата на одбраната како дел од заедничките политики што произлегуваат од НАТО, во делот на безбедносната контрола на небото над Северна Македонија (Аir Policing), како и зајакнувањето на соработката во повеќе други области.

На средбата во кабинетот на премиерот Заев заеднички беше поздравено скорешното полноправно членство на нашата земја во НАТО, чија завршна фаза, ратификацијата на Протоколот за пристапување, започна токму во парламентот на Република Грција.

Двајцата соговорници на средбата ја поздравија силната поддршка за отпочнување на преговорите меѓу нашата земја и ЕУ, за која оценија дека доаѓа не само како резултат на Преспанскиот договор и позитивните ефекти на решавањето на билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Грција, туку и заради исполнувањето на домашните реформи.

OCvmhnCbEbo

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања