Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Заев: Да бидеме единствени во дисциплината и борбата со коронавирусот, ќе успееме!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev

Колку долго ќе трае битката против коронавирусот зависи од секој од нас.  Зависи од нашата одлука дали ќе ги почитуваме мерките за лична заштита или ќе дозволиме да се изложиме себеси на ризик, а со тоа и нашите најблиски и целата наша околина. Затоа, апелирам до секого, носете маска или друга заштитна опрема со која ќе ги заштитите носот и устата, истакна во видео обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Често мијте раце и не ги допирајте очите, лицето и носот.

Држете дистанца од луѓето околу вас и не се групирајте.

Вршете дезинфекција во домот, а особено на вашите работни места.

— реклама —

Мораме сите да ги почитуваме овие мерки, но и да им укажеме на нашите роднини, пријатели, колеги дека и тие треба да го прават истото.

Ако некој во ваша близина не носи маска или ја носи неправилно укажете му да постапи правилно. Ако некој е преблизу укажете му ја потребата од физичка дистанца од 1,5 до 2 метри.

Само на овој начин ќе го заштитиме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски.

— реклама —

Во периодот којшто ни следува вака ќе пазариме, вака ќе одиме на работа, ќе посетуваме кафулиња, вака ќе функционираме. Ако овие мерки строго се почитуваат тие даваат резултат.

Повикувам на придонес и дисциплина во борбата со невидливиот непријател. Придонес и дисциплина од секој од нас и од секоја институција.

— реклама —

Ова е моментот кога треба да дадеме максимум за да се воспостави контрола врз вирусот. Сме покажале дека во вакви моменти знаеме да бидеме единствени. Знам дека можеме и овој пат и дека ќе успееме, истакна во видео обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања