Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Заев: Да ги дочекаме идните денови исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
20181225094346

Премиерот Зоран Заев, присуствуваше на црковната служба со која по повод празникот Христово раѓање – Божик, во храмот „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје чиноначалствуваше д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во Македонија.

— реклама —

На мисата во централната католичка црква во Скопје, присуствуваа и членовите на Владата – заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, и заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев.

— реклама —

По повод празникот Христово раѓање – Божик премиерот Заев упати писмо со честитки до сите припадници на Католичката црква и до сите Христијани што денеска го слават Христовото раѓање, во кое се вели:

— реклама —

„Убавината и топлината на пораката за Божик – Христос се роди, нека ги исполни уште еднаш со радост и топлина срцата на сите верници од Католичката црква и православните Христијани кои денеска го слават големиот празник – Христовото раѓање. Нека се исполнат со духот на Божик домовите на сите со мир во душите и со радоста на живеењето, и нека не поттикне таа радост со љубов да ја споделиме со најблиските, со пријателите и со секој добронамерник. Да му помогнеме на секој обесхрабрен и неутешен.

Така ќе ја шириме и пораката на Богомладенецот кој стана човек за да го види светот со нашите очи, но постојано да не потсетува дека во милосрдието и солидарноста со другиот се остваруваме во личности според неговиот образ. Радоста за време на празникот на Христовото раѓање нека ги поврзе сите граѓани на нашата земја и нашите сограѓани во светот. Со благословот на овој голем христијански празник да ги дочекаме идните денови во нашите домови и заедници исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар“, пишува во писмото по повод празникот Христово раѓање – Божик, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања