„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Заев: Да не дозволиме да се вратат политиките на поделби меѓу луѓето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zaev

— реклама —

— реклама —

"Нашата намера е да ги паметиме, но никогаш да не им дозволиме да се вратат на сцена политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на наши и ваши. Нека останат само во сеќавања, секако, за никогаш повеќе да не се повторат". Ова го истакна премиерот Зоран Заев денеска на отворениот ден за иницијативи на граѓански организации: „Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија“ што се одржа во Владата на РМ.

Толеранцијата, како што посочи премиерот, е најважниот услов за демократски односи меѓу различните социјални и општествени групи.

"Мене лично несватливо ми е како во нашата заедница и се протнаа злосторствата од омраза. Таквите појави не и доликуваат на нашата земја, на едно демократско општество и треба да направиме се тие инциденти да бидат изложени на јавност и осудени", рече Заев и додаде дека треба да направиме се за да ја запреме омразата, да им застанеме на патот на оние кои сеат омраза и да не влегуваме во тој ланец на злото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања