Заев: Да не се оди на парламентарни избори, да се даде шанса на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
idiot-2

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Идната, 2019 година да ја прогласиме за економска, како што оваа, 2018-та беше година на интеграциите. Парламентарните избори да се вратат на нормален колосек и да бидат редовни, а не да се одржуваат пред време, рече премиерот Зоран Заев на денешната втора буџетска конференција во Стопанската комора на Македонија.

Заев напомена дека одржувањето предвремени парламентарни избори е погубно за економијата, ја отежнува работата на бизнисот, го прави непредвидлив и го оневозможува неговото планирање.

Крупните политички чекори, потенцира премиерот, мора да се направат ако сакаме раст и развој на државата.

„Да не се оди на избори, туку да се даде шанса на економијата. Знаеме како предвремените парламентарни избори влијаат врз бизнисот особено ако се одржуваат паралелно со други избори како што ќе бидат догодина претседателските. Предвремените парламентарни избори ја умртвуваат економијата за четири до шест месеци. Парламентарните избори да бидат редовни за да му се овозможи на бизнисот да прави планови и предвидливи чекори“, истакна Заев.

Претходно претседателот на Стопанската комора Бранко Азески исто така изрази уверување дека 2019 ќе биде прогласена за економска година.

„Ние сме за развоен буџет, иако тоа е тешка работа. Ќе направиме се што можеме за 2019 да биде година на економијата“, рече Азески.

Буџетската конференција почна со излагањето на министерот за финансии Драган Тевдовски кој пред стопанствениците ги повтори проекциите на Предлог-буџетот за 2019 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања