Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Заев Дејвидсе: Нашата соработка очекувам да донесе многу успеси и придобивки за граѓаните и нашата земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_7017

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со извршниот директор на Светска банка, Кун Дејвидсе кој ја претставува нашата земја Северна Македонија заедно со Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грузија, Израел, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Романија и Украина. Извршниот директор Дејвидсе беше придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски кој е домаќин на неговата дводневна посета на нашата земја.

— реклама —

На средбата се разговараше за долгогодишната плодна соработка на нашата земја со Светската банка, за нејзино интензивирање во иднина и за забрзување на реализацијата на проектите помогнати и финансирани од Светската банка. Премиерот Заев изрази задоволство што нашата земја е претставувана од извршниот директор Дејвидсе кој има огромно и богато искуство.

„Ни претставува задоволство денеска што не посетивте како претставник на нашата земја и регионот во Светска банка. Во моментов Република Северна Македонија е земја којашто нема билатерални спорови и е во процес на пристапување во НАТО. За нас тоа претставува голем успех и сега сме фокусирани на исползување на придобивките за граѓаните и зајакнување на економијата. Нашата соработка на тоа поле очекувам да донесе многу успеси и бенефити за граѓаните и нашата земја“, рече премиерот Заев.

— реклама —

Премиерот Заев го информираше извршниот директор на Светска банка Дејвидсе за постигнатите резултати на економски план кои покажуваат раст на економијата од 3.7 % во четвртиот квартал на 2018, пораст на странските директни инвестиции во 2018 година од рекордно високо ниво од над 624 милиони евра и раст на индустриското производство во јануари од 12% споредено со истиот месец 2017 и оцени дека преку интензивирање на заедничката соработка со Светска банка ќе продолжи да се засилува овој позитивен економски тренд од кој директни придобивки ќе почувствуваат граѓаните.

Извршниот директор на Светска банка Дејвидсе порача дека решавањето на крупните политички прашања, членството на нашата земја во НАТО како и најавите за отпочнување на преговори со Европската Унија се пример дека стабилната политичка состојба е важна во процесот на достигнување на економските предизвици и економски напредок на земјата и во таа смисла тој ја изрази својата цврста заложба посветено да работи во насока на реализација на овие зацртани цели.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања