„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев - Дендиас: Ќе се интензивира економската соработка помеѓу двете земји и инвестициите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
26112019_PVRSM_Zaev_sredba_MNR_na_GR_Dendias2

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција во рамки на неговата официјална посета на државава.

— реклама —

На билатералната средба се разговараше за поддршката која Република Северна Македонија континуирано ја добива од Република Грција на патот на евроатланските интеграции и за развојот на трговската размена и инвестициите помеѓу двете држави.

Грција е трет најголем инвеститор во Северна Македонија, а претендира во следниот период да дојде на првото место. Преспанскиот договор е извонредна можност за зајакнување на културните и економските врски помеѓу двете држави.

— реклама —

Министерот за надворешни Никос Дендиас рече дека без разлика кој е на власт во Грција, секоја влада принципиелно се залага за имплементирање на заклучоците од Солунскиот самит со кој се поддржува интеграцијата на балканските земји во Европската унија. Дендиас додаде дека по барање на премиерот Мицотакис во следниот период ќе ја интензивира својата лоби агенда во европските центри на моќ, во кој ќе бара начин како Северна Македонија што е можно побрзо да го почне процесот на преговори со Европската Унија.

Премиерот Заев се заблагодари за севкупната поддршка која ја добиваме од владата во Атина и се осврна на потребата на зголемување на економската размена, но и подобрување и отворање на нови инфраструктурни канали кои треба да ја поддржат бизнис заедницата. Премиерот Заев подвлече дека кога бизнисот се развива, граѓаните во нашите две држави ќе имаат и подобар животен стандард.

gcsdIDSc4gg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања