Заев: Денеска ги празнуваме почитувањето и меѓусебното помагање, вредности кои водат напред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —

Честитка на претседателот на СДСМ и мандатар Зоран Заев до верниците за  големиот празник Успение на Пресвета Богородица.Во честитката се вели:

— реклама —

-На сите христијани им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на почитувањето, на разбирањето и сакањето на блиските, на човекот.

Нека денеска, но и сите денови, ги слевиме овие човечки универзални вредности, затоа што делејќи разбирање, помагање, почит, љубов, кон луѓето, кон блиските, навистина нашиот живот го прави вреден за живеење.

Овој голем празник го славиме сите христијани, затоа што е симбол на нашата вера. Успението на Пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници.Нека е честит и вековит големиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања