Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев: Денеска институциите удрија по маса, компромис за правда немало и ќе нема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-11

„Мијалков немаше друг избор и го направи она што му беше неопходна опција. За овој значаен успех дадоа придонес надлежните институции , обвинителсвото и судот и успеавме во тоа. Секако Обвинителството и судот не треба да го сметаат за олеснителна околност за овој или никој друг случај“, истакна предмалку премиерот Зоран Заев.

— реклама —

Премиерот додаде:

„Јас Зоран Заев велам дека компромис за правда немало и ќе нема . Ако некој грешел , ќе одговара“.

— реклама —

Премиерот кажа дека прво во суд дошле адвокатите, а потоа и Мијалков. Тој нагласи дека неговото пријавување не треба да се смета за олеснителна околност и дека не треба да се заборави дека Мијалков прво избега.

„ Се организираше да се јави во јавното обвинителство, зошто потрагата траеше, затворени излезите од Скопје и граничните премини. За организирање и помагање се одговара исто, паднаа наредби за спроведување на заплена на имот. На Мериот жолти ленти ќе стававме. Се знаеше каде биле членовите на семејството во време на бегството. Сите имоти на неговото семејство можеа да постапат органите. Денеска чукнавме на маса. Институциите не го најдоа Сашо Мијалков, но нападнаа по блиските, по имотот“ додаде премиерот Заев.

Премиерот додаде дека институциите извлекле поука од бегството на екс премиерот Никола Груевски кој избега. Премиерот додаде дека институциите создале услови бегството да му биде неисплатливо на Мијалков. Вели дека денеска државата си ја заврши задачата.

„Институциите не го најдоа, но затоа нападнаа по неговите блиски и имот. Потоа тој самиот се пријави во Обвинителството, откако претходно дојдоа адвокатите“, рече Заев.

Со акцијата координирав јас и можам да објавам дека Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбежна опција. Се пријави во Обвинителството за организиран криминал и со тоа е обезбеден неговиот притвор.

Брзата мобилизација и координацијата помеѓу сите институции со сите активности дадоа резултат и ги елиминираа сите можности тој да ја напушти државата, истакна Заев.

фото: PRTSC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања