„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорт за името со Грција. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев во изјава дадена по свечениот час на новозапиишаните студенти на ФИНКИ.

— реклама —

Заев истакна дека денеска е ден за сублимирање на сите анализи и планови и додаде дека од утре ќе почнат разговори.

Според него, постои капацитет за одржување предвремени избори кои се последна опција доколку не се постигне договор.

— реклама —

– Секако дека има капацитет за избори. Законот и Уставот ги предвидуваат следните чекори. Но, се надевам дека ќе успееме да се договориме. Процесите неможат да бидат замрзнати и да стојат на место, работите мора да се движат напред, рече премиерот.

Доколку не се постигне договор и се оди на предвремени избори , според него, изборите ќе се случат брзо. Постои можност тие да се организираат до крајот на ноември, временска одредница која ја спомена и вчера. Тој напомена оти во тој целиот тој процес мора да се мисли и на другите рокови, на пример на изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај следната година, а на кој ќе учествува и Грција. Вели дека засега нема поддршка од конкретни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и оти деновиве ќе се дознае преку разговори со опозицијата каков е амбиентот во таа насока.

Заев истакна дека во сегашната ситуација реално е сите да покажат политичка зрелост со оглед на тоа што никој не понуди алтернатива на НАТО и ЕУ, ниту пак подобар договор од овој што е постигнат со Грција.

Извор:lider.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања