Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави статус во кој напиша дека до крајот на мандатот на оваа влада просечната плата ќе се искачи на 30.000 денари.
„Просечната плата од месец во месец продолжува да расте!
Економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите. Продолжуваме и не застануваме, до крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата да биде 30.000 денари“, напиша Заев.