Заев до министрите: Им служиме на граѓаните, да го слушаме нивниот глас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-1

Премиерот Зоран Заев на свечен чин како прва точка од денешната владина седница им ги предаде мандатните писма на министрите во Владата. Во истите има утврдена мисија и задачи за новиот мандат како новина која Владата сака да ја воведе.

— реклама —

"Мора да им служиме на сите граѓани и во наредните 4 години ќе работиме целосно професионално. Агендатата која ја ветивме пред граѓаните мора да ја исполниме. Со цел да бидам уште поотворен премиер ве задолжувам и вас за редовна комуникација со граѓаните и соработка со медиумите. Секој глас даден за нас е глас за справување со здравствената криза, за нова економија и влез во Европската унија, порача Заев пред министрите.

Заев истакна дека оваа Влада е мала, но секој од министрите ќе се посвети на успешно и ефикасно работење и тоа:

— реклама —

-справување со светската пандемија со коронавирусот и надминување на здравствено

– економската криза, ќе даде нова енергија во создавањето на подинамичен економски раст, одржлив развој, силни институции кои почитуваат ред и владеење на правото,

-ќе обезбеди услови за помодерно, европско образование,

-ќе остане активна членка во НАТО и со силна волја ќе продолжи во напорите за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавјето за членство во Европската унија.

Сето ова ќе го оствариме заеднички, но, секој од нас ќе даде свој придонес во областа за која е избран. Да не заборавиме дека сме менливи, и таа менливост да ни биде мисла водилка да им служиме подобро, поефикасно на граѓаните, истакна Заев.

-Затоа што граѓаните имаат очекувања, а вие сте на оваа позиција за да направите сѐ што е потребно за оваа Влада да ги исполни очекувањата.

Придржувајте се до Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и ширете ги етичките вредности, рече Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања