Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев до охриѓани: Кренете веслата, очекувам Коста и Стево да победат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Screenshot_1

Премиерот Зоран Заев на трибината во Охрид побара од охриѓани да ги кренат веслата и да гласаат за кандидатот од СДСМ, Константин Георгиевски за градоначалник. Според Заев, Георгиевски е аманет од покојниот градоначалник Јован Стојановски и затоа го предложиле, а охриѓаните треба да го излгасаат.

„Го гледам Коста вика „мојот Охрид“. Ама и мој е Охрид. И на Димитров и на скопјаните. Охрид беше во бездна подлабока од милијарда и двеста евра долг. Но, исплива. Реконструкцијата на кејот не е поради Коста, тој е почнат и одобрен уште во време на Бакрачевски. Победивте во првиот круг за Костантин Георгиевски со 2.500 гласови. Малку е. Малку е еј. Кренете тоа веслата. Очекувам Охрид да победи и за Стево Пендаровски. Знам дека Охрид верува во тој концепт и тоа е концептот до успехот“, рече Заев.

— реклама —

Заев рече дека верува во народот, а во недела ќе се слави победа на Стево Пендаровски и Костантин Георгиевски.

„Еве и третиот противкандидат излезе и рече „Гласајте за ЕУ и НАТО“. Тоа беше апла кажано, гласајте за Стево Пендаровски. Овие другите не понудија ништо, нула, компир. Знам дека ќе изберете градоначалник со кој ќе се гордеете“, додаде Заев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања