Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заев - Џачка: Ако ја зголемиме соработката меѓу државите од Западен Балкан, ќе имаме поголемо почитување од ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_7867

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Олта Џачка, министерка за одбрана на Република Албанија.

На средбата е поздравено одговорното лидерство на премиерот Заев што овозможи постигнување договор со јужниот сосед на нашата држава и реализација на Договорот од Преспа. Оценето е дека Договорот е пример како се решаваат билатерални прашања доколку постои искрена политичка волја, поради што Договорот од Преспа е придобивка како за нашата држава, така и за напредокот на целиот регион.

— реклама —

Исто така, на состанокот, изразена е поддршка од Република Албанија за отворените интеграции на Република Северна Македонија во НАТО, како и благодарност од премиерот Заев до албанскиот колега, премиерот Еди Рама, до Владата на Република Албанија и до граѓаните, за поддршката на НАТО интеграциите на нашата земја.

— реклама —

-Интеграцијата во НАТО значи мир и стабилност, но и подобра економија за нашите граѓани. Веќе е зголемен бројот на инвеститори кои инвестираат или најавија дека ќе инвестираат во нашата земја. Тоа е голема придобивка за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, по политиките на добрососедство зад коишто застанавме и затворањето на сите отворени прашања со нашите соседи, како и интегративниот концепт во нашата држава, едно општество за сите граѓани, рече премиерот Заев.

Заклучено е дека двете земји, Република Северна Македонија и Република Албанија, со искреното меѓусебно пријателство, создаваат услови за развој на соработката, како и дека таквиот пристап влијае позитивно во европските аспирации и очекувања и на двете држави и на регионот.

— реклама —

-Ако ја зголемиме соработката меѓу државите од Западен Балкан, ќе имаме уште поголемо почитување од Европската унија, рече премиерот Заев.

— реклама —

Претседателот на Владата Заев охрабри за зголемување на соработката во областа на одбраната и рече дека нашата држава е подготвена да ги следи позитивните искуства за вложувања во Армијата според НАТО стандардите. Тој информираше дека во тек се реформи во нашата држава во повеќе области, како и дека во завршна фаза се реформите во безбедносниот сектор што се одвиваат во соработка со земјите членки на НАТО.

На средбата е констатирано и дека успешно се реализира соработката меѓу двете држави во областа на инфраструктурното поврзување и енергетиката, како и дека се отвораат можности за проширување и во другите области од значење за граѓаните на двете земји и на регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања