СДСМ влегува во втор круг за градоначалници во втор круг. Претседателот на партијата, Зоран Заев, најави дека СДСМ ќе има гласови во повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сега се одземени гласовите од коалиционите партнери кои настапија сами на изборите. Народот сака резултати, посочи Заев, кој додаде дека тие се можни само со коалиции кои водат напред.
„Во повеќе од 30 општини победуваме во прв круг или влегуваме во водство во втор круг и секако Градот Скопје. СДСМ победува во Центар, Карпош, Крушево, Делчево, Ресен, Валандово, Македонска Каменица, Кривогаштани, Пробиштип, Пехчево, Демир Хисар, Демир Капија, Чашка, Маврово, Конче, Арачиново, Дебрца, Куманово“, рече Заев.
Според него, коалицијата ќе се обедини за да има мнозинства во советите низ државата.
„Влегуваме во втор круг како фаворити. Јас сум убеден дека ги понудивме најдобрите кандидати. Влегуваме во 36 општини во втор круг, плус Градот Скопје каде засега водиме 15 илјади гласови“, рече Заев.