„Заев е најглупавиот политичар од сите со кои сме разговарал“ велат руските пранкери кои го надмудрија експремиерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
zaev-najglupav-od-site-750x430-1

Руските пранкери Вован и Лексус, поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, го нарекоа „најглупавиот херој“ на нивните шеги. Tие успеаја да го надмудрат Заев претставувајќи се како „Петар Порошенко“ и воспоставија комуникација со него. Шегаџиите тврдат дека снимката од разговорот со Порошенко ја чувале во тајност околу една година, додека Заев несвесно продолжил да комуницира со нив.

— реклама —

— реклама —
sCjEo0C-aw0
— реклама —

Наивноста на Заев доведе до тоа тој да испраќа фотографии од неговите официјални средби, да дава контакти на косовски политичари, па дури и да ги „спамира“ шегобијците. Вован вика: „ова е веројатно најглупавиот политичар со кој сме биле во можност да разговараме“.

Вован и Лексус велат дека откако му се јавиле на Заев во име на поранешниот украински претседател Порошенко, снимката од разговорот не ја објавиле цела година потоа. За сето тоа време Заев редовно им испраќал фотографии од средби со други политичари преку Ватсап, но и од контакти на државници од Косово, и мислел дека комуницира со Порошенко. Тие велат дека досега не успеале да лажат некој друг функционер цела година.

Во јуни 2019 година Вован и Лексус на својот јутјуб канал објавија снимка во должина од речиси еден час, за која велат дека се споени три разговори со Заев, направени во август 2018, јануари 2019 и во април 2019 година. Во нив комичарите, претставувајќи се како Порошенко и Столтенберг разговараат со македонскиот премиер на повеќе теми – ситуацијата пред референдумот, дали Русија има влијание во нашата држава, како и за Косово и Србија. Се разговара и околу добивањето на автокефалност на македонската православна црква, а лажниот Порошенко го убедува Заев дека истата може да се добие со поткуп од 100.000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во разговорот со лажната Грета Тунберг и нејзиниот татко, Заев со нив зборува за затворање на аеродромите, за легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, како и за мигрантите.

Мета на руските пранкери беа и Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, неколку американски гувернери и конгресмени, како и францускиот претседател Емануел Макрон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања