Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Заев, Филипче, Рашковски, Зекири, Шилегов и Каевски да ги продадат хациендите, становите и луксузните автомобили за да има пари за народот, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Slika-1

Функционерите на СДСМ натрупаа милионски имот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, Филипче, Петре Шилегов, Драги Рашковски, Мухамед Зекири и Дарко Каевски да ги продадат хациендите и луксузните автомобили за да има пари за народот.

— реклама —

Од позиција на власт, Заеви отворија фабрики за марихуана, си продолжија лиценца за ископ на глина за Еленица, добиваат 1.4 милиони евра од МЗШВ, купуваат Мајбах Мерцедеси, Поршеа и разни луксузни автомобили вредни над стотици илјади евра.

Само Трајче Заев да го продаде Мајбахот од 600.000 евра, ќе се купат 10 амбулантни возила.

— реклама —

Дарко Каевски на 30 години има имот од еден стан, 4 милиони во банка и хациенда која ја нема запишано во анкетен лист. Како со пратеничка плата успеал да стигне до тој имот е прашање на кое дополнително треба да одговори пред јавноста, но сега нека ја продаде хациендата со која можат да се купат 3 противпожарни возила.

Драги Рашковски да го продаде џипот и милионскиот имот, исто како и Мухамед Зекири.

Венко Филипче да ја продаде луксузната хациенда на Водно, а Петре Шилегов зградата дивоградба во Карпош.

— реклама —

И додека тие трупаат милионски имот народот не може да се прехрани од први до први.

Народот живее во беда и сиромаштија, на прагот на животна егзистенција.

— реклама —

За да можат да крадат и да трупаат имот не ја намалуваат ниту акцизата на горивата, предлог на ВМРО-ДПМНЕ кој ако го прифатеа, сега ќе имавме горива и за 25 денари поевтини.

Премногу е, граѓаните масовно да излезат на протест за промени на 18 јуни во 20:00 часот пред влада, и да порачат дека е доста од штетните и криминални политики на расипничката влада на СДСМ и ДУИ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања