Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заев: Героски побара средба со мене, но еве уште еднаш ќе кажам има истражни органи, треба да оди таму да пријави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-121

Новинарот Бранко Героски кој на некој начин го обелодени скандалот со „Рекет“, најави нова серија текстови за корупција во власта. Героски побара средба со премиерот, Зоран Заев, но на денешната прес конференција премиерот реше дека Владата стои бескомпромисно во борбата против криминалот, а на новинарот Геровски му порача сите индиции за криминал да ги достави до надлежните институции.

— реклама —

-Борбата против криминалот и корупцијата во ниедна земја не била лесна. Тврдам дека ќе бидам прв меѓу најхрабрите во бекромпромисната борба против корупцијата и криминалот, но јас не сум истражен орган или обвинител, туку претседател на Влада која треба да овозможи услови за непречено одвивање на истраги без разлика на кого се однесуаат. Тоа го сфаќам релаксирачки, нема казна бесење, има затвор, секој кој се огрешил ќе си лежи – рече Заев.

Во врска со наводите за вмешаност на обвинителката Катица Јанева и високи владини функционери во аферата „Рекет“ тој порача да се почитува пресумцијата на невиност.

— реклама —

-Не смееме да правиме масакр врз луѓето. Новинарот Героски побара средба со мене, уште еднаш во духот на тоа што го кажав, има истражни органи, треба да оди таму да пријави. Сите документи ред е да оди да ги пријави во институциите. Јас не сум истражител, нема што кај мене, јас сум отворен и пијам кафе со секого, но на оваа тема нема што да разговара со мене, има органи каде што треба да пријави – рече Заев.

— реклама —

 

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања