Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но Бугарите го сметаат за бугарски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Zaev-1

Премиерот Зоран Заев кажа дека Гоце Делчев е македонски револуционер, одговарајќи на новинарско прашање за негов став дали Делчев е Бугарин или Македонец, на утринската прес-конференција во Владата со евроамбасадорот Дејвид Гир. Сепак, кажа Заев, факт е дека и Бугарите го сметаат Делчев за свој револуционер.

— реклама —

„Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер. Факт е дека ние имаме град, Делчево и во Бугарија има град што се нарекува по Гоце Делчев, имаме и споменици во Северна Македонија и во Бугарија. Заедно со премиерот Борисов се поклонивме пред споменикот во Благоевград, но и тука во Скопје, на гробот на Гоце Делчев“, рече Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања