„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиевски, Ристовски и Вељановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-sud

Премиерот Зоран Заев денеска сведочеше за случувањата во Собранието на 27-ми април 2017-та година, при што порача дека главен организатор е поранешниот премиер Никола Груевски.

— реклама —

Одговарајќи како сведок, денес Заев во Судот истакна дека главниот организатор – Никола Груевски, ги изманипулирал Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите обвинети.

„Верувам дека сите посакуваат ова да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек, жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група која за цел имаше да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука“, рече Заев во Судот, пренесува „мкд.мк“.

— реклама —

Според премиерот, овие луѓе биле изманипулирани од главниот организатор на настаните, поранешниот премиер и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија.

„Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело“, истакна Заев.

Запрашан дали тогашниот спикер на Собранието, Трајко Вељановски повикал пратеник да се откаже од правото на збор, Заев истакна дека не се сеќава за тоа, а истиот одговор го даде и на прашањето дали тој лично потпишал барање за продолжување на конститутивната седница.

Инаку, случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, додека застапник на обвинението е Вилма Русковска. На денешното рочиште покрај премиерот Заев, треба да сведочи и пратеникот Адрим Гаши.

Обвинетите во овој предмет се товарат за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања