Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Заев и Бирлајн: Австрија и натаму силно ќе се залага Северна Македонија годинава да отпочне преговори со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_1272

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во областа Вахау, се сретна со новата федерална Канцеларка на Република Австрија, Бригите Бирлајн.

На средбата канцеларката Бирлајн искажа очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Северна Македонија како членка на Европската Унија. Бирлајн го поздрави последниот позитивен извештај на Европската Комисија за Северна Македонија и повтори дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Северна Македонија.

— реклама —

Бирлајн на Премиерот Заев му честиташе за сите досегашни политички чекори коишто ги преземал, кои, како што рече Канцеларката, придонесоа да нема никакви пречки за отпочнување на преговорите со Унијата.

— реклама —

Премиерот Заев и Канцеларката Бирлајн на денешната средба се согласија дека Република Австрија е и еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, што претставува показател и за цврсто воспоставените економски односи помеѓу двете земји.

— реклама —

Првата средба со новата Федерална Канцеларка на Република Австрија, Премиерот Заев ја искористи да ја покани Бирлејн да ја посети Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања