Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Заев и делегација на Владата на РСМ во дводневна посета на Берлин на економски форум и средба со канцеларката Меркел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Zaev_Merkel

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на заменик претседателот на Владата на РСМ задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев, од 12 до 13 јуни ќе престојува во Берлин, СР Германија како почесен гостин на годишниот прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство во Берлин, и ќе земе учество на економскиот форум во организација на здружението.

Премиерот Заев на 12 јуни, на свечениот годишен прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство ќе има свое обраќање на тема „Реформите во стопанството и општеството - Патот на Северна Македонија во ЕУ“, и ќе земе учество во панел дискусијата насловена „20 години од Пактот за стабилност за ЈИЕ-перспективите за регионална соработка“.

— реклама —

На 13 јуни, премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев ќе се сретнат со повеќе високи претставници на дел од најголемите компании на СР Германија, во рамките на работниот состанок посветен на инвестициските можности во Република Северна Македонија.

— реклама —

На Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во Берлин, на вториот ден од посетата, ќе му се придружат и заменик претседателот во Владата на РСМ за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, со кои е предвидено да оствари средба со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања