Промени тема
Контакт

Заев и Груби договориле деградација на Агенцијата за млади и спорт, вели Кираџиева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Заев и Груби го договориле почетокот на пропаѓањето на спортот во Македонија преку бришење на Агенцијата за млади и спорт како самостоен орган и нејзино интегрирање под раководство на Министерството за односи помеѓу заедниците, вели координаторката на Левица - Сектор спорт, Весна Кираџиева.

„Со Записникот од Советот за Јавна Администрација од 13. јули 2021 година и усвоениот Интегриран извештај за државна реорганизација на седница на Владата од 08. Март 2022 година, прифатено е Агенцијата за млади и спорт да биде под Министерството за односи помеѓу заедниците. Без вршење на никаква претходна анализа во однос на спортот во Македонија, или консултација со АМС, Груби предложил, а Заев се согласил со оваа понижувачка одлука која го засега спортот во Македонија!

— реклама —

Тоа значи дека Агенцијата за млади и спорт ќе биде деградирана од самостоен орган што досега беше случај и ќе влезе под раководството на Министерството за односи помеѓу заедниците. На Македонија ѝ е потребно Министерство за спорт кое ќе го води спортот и ќе го издигне на нивото на кое заслужува! Спортот е потребно да се надгради од ниво на Агенција, во соодветно Министерство кое ќе се грижи за напредокот, а не да се случува спротивното – спортот да се деградира на ниво на некаков орган под било кое министерство. На спортистите им е потребен претставник на Владините седници кој ќе одлучува рамноправно за националните прашања како што е и спортот, заедно со останатите Министри, а не за судбината на спортистите да одлучуваат луѓе кои воопшто не знаат што тоа значи, како што е случај токму сега.

— реклама —

Јасна е целта на предлогот на Груби и ДУИ, а поддржани од СДСМ на Заев и Ковачевски да ја продолжат својата агенда на поделба во општеството, во кое провоцираат поделба на национална основа, а целта е профит и купување на гласови кога распределбата на буџетот и во овој дел ќе бидат поделени на национална основа, а нема да не изненади доколку видиме таква нацонал-шовинистичка поделба и на ниво на спортските федерации, за што Левица опоменува веќе некое време наназад.

Го повикуваме директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовки да се држи до ставот дека ќе се спротивстави на оваа одлука!

— реклама —

Ја повикуваме советничката за спорт на Премиерот, Силвија Митевска, да ја искористи својата советничка позиција и да го советува премиерот за тоа колкава негативна импликација ќе има оваа деградација за спортот во Македонија.

— реклама —

Ги повикуваме сите спортски федерации, клубови, спортисти и младински организации да реагираат до Владата на Република Македонија со протестна нота и гласни реакции во јавноста против оваа владина одлука на СДСМ и ДУИ.

Ги повикуваме сите политички партии, да не бидат неми набљудувачи особено опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери да го стори истото“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања