Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заев и Каевски ќе ја промовираат „Европската младинска картичка”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова денеска ќе ја промовираат „Европска младинска картичка”.

— реклама —

Проектот „Младинска картичка” беше најавен кон крајот на 2018 година, а Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на овој проект во март годинава на 127. владина седница.

— реклама —

Проектот е наменет за младите од 15 до 29 години и има за цел да го олесни и подобри нивното секојдневие со поволности што ќе опфатат повеќе категории, попусти во угостителски објекти, трговија, пристап до едукативни центри, културни и спортски настани, како и за патувања во земјава и во странство.

Владата донесе и заклучок одредени министерства да се вклучат во проектот, како и препорака за единиците на локална самоуправа да станат дел од овој проект.

— реклама —

Втората фаза од „Младинска картичка” е вклучување на националната картичка кон системот „Европска младинска картичка”, кога младите од нашата земја ќе можат овие бенефиции да ги уживаат и во земјите членки на ЕУ.

— реклама —

Директорот на АМС Дарко Каевски во април годинава за МИА изјави дека се размислува оваа картичка од година во година да се надградува со цел младите да можат да уживаат во поволностите и во другите европски држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања