Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Собранието на лидерска средба ќе се обидат да најдат заеднички јазик за Законот за јавно обвинителство, со кој ќе се реши судбината на СЈО. Покрај измените во Законот за јавно обвинителство кои како тема ќе доминираат на лидерската средба, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски најави дека лично тој ќе ја отвори темата за организација на предвремени парламентарни избори.
Се уште нема информација во кој формат ќе се организира лидерската средба и дали покрај Заев и Мицкоски на маса ќе седнат и други лидери на политички партии.