„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев и Шекеринска на средбата со шведскиот премиер Лофвен во Стокхолм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
15112019_PVRSM_Zaev_Lofven_sredba_4

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во Стокхолм се сретна со Стефан Лофвен, премиер на Кралството Шведска.

— реклама —

На средбата е изразена поддршка за европските интеграции на Република Северна Македонија. Констатирано е дека нашата земја направи видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи и дека тоа треба да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите.

Порачано е дека Република Северна Македонија може да смета на поддршката од Кралството Шведска и во иднина.

— реклама —

Премиерот Заев и вицепремиерката Шекеринска се заблагодарија на премиерот Лофвен и на Кралството Шведска за постојаната поддршка на демократските процеси и на сите клучни политички процеси за напредокот на Република Северна Македонија.

„Работиме на реформите и понатаму со став дека европскитеперспективи за нас како држава немаат алтернатива. Во очекување сме и на заокружување на НАТО интеграциите. На нашата држава, како и на Западен Балкан и на Европа им се потребни стабилност, просперитет и развој. Потребна им е одржливост. Тоа се процеси во коишто Шведска дава водечки придонес за што сме благодарни“, рече меѓу другото, премиерот Зоран Заев, на средбата со шведскиот премиер Стефан Лофвен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања