Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев и Светска Банка различно гледаат на економскиот раст, СБ предупредува, Заев оптимист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
svetska-banka

Северна Македонија треба да се сконцентрира на економските реформи за да го забрза процесот на интегрирање во ЕУ и да ги стабилизира јавните финансии, бидејќи политичките изглед се подобрени, објави Светската банка вчера.

Во извештајот на Банката, насловен „Најнови економски прогнози за Европа и Централа Азија“, се посочува дека земјите во овој регион бележат различни стапки на раст на националните економии.

— реклама —

Годинава економскиот раст во Европа и во Централна Азија ќе забави на 2,1 проценти, како последица на глобалното забавување на економијата и неизвесните перспективи, предвидува Светската банка.

Како земји во кои годинава се очекува најголем економски раст во регионот се посочени Албанија и Србија, а најмал раст од само еден отсто се предвидува за Турција, која во 2017 година имаше раст од 7,4 проценти.

— реклама —

Премиерот Зоран Заев пак очекува економски раст од над  четири проценти во првиот квартал годинава и надминување на проекциите за раст од 3,2 проценти за целата година.

– Во полн интензитет е и гасификацијата, железницата е целосно ослободена, тоа се 75 проценти од капиталните инвестици во државата, а останатите 25 проценти ги придвижуваме во деловите за канализации, градинки и училишта. Само со засукани ракави и добра работа можеме да ги пробиеме дури и проектираните параметри, рече Заев.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања