„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Заев и Тевдовски: Со внимание ќе ги прифатиме и анализираме укажувањата за влијанието на објектите за игри на среќа на младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_7392

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска примија делегација на Движењето Анти коцкање од Тетово.

— реклама —

Претставниците на Движењето Анти коцкање, поттикнати од грижата за младите и од близината на објектите за игри на среќа, доставија барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната  близина на образовните институции и станбените живеалишта, како и да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници во кои стопанисуваат компаниите што организираат игри на среќа.

Премиерот Заев и министерот Тевдовски на средбата нагласија дека Владата на РСМ со внимание ги следи дебатите на оваа тема и дека надлежните институции темелно ќе ги анализираат аргументите на Движењето Анти коцкање, особено заради фактот што грижата што произлегува од барањата на движењето се однесува на децата и младите.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања