Заев и Велјановски се надмудруваа во Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Trajko_Veljanoski-golema

На чело на таа мала владина група не се затскривте зад едно колективно тело и цврсто решивте да го промените Уставот без оглед на сите последици кои ќе има Република Македонија, му се обрати Трајко Велјановски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Зоран Заев на денешната седница на комисијата за уставни прашања каде што се дискутира за Нацрт амандманите.

— реклама —

Велјановски актуелната ситуација како и однесувањето на Владата на СДСМ го поистоветува со една поговорка прашувајќи дали знаат како се јаде слонот и додавајќи дека тој цел не може да се изеде туку парче по парче, потенцирајќи дека и Заев го прави истото со Република Македонија.

— реклама —

Велјановски ги спомена изјавите на Зоран Заев давани минатите месеци каде што ја лажел целата македонска јавност дека нема да дозволи промена на уставното име, додавајќи дека и покрај тоа што тој сакал да ги излажe граѓаните тие биле многу попаметни од секој политичар кој постојано ги менува изјавите и ставовите.

— реклама —

Заев во јуни вели „додека ме држи памет нема да дозволам промена на Устав“. Во топ тема Заев вели нема промена на Уставот. Во февруари 2018 вели: не гледам потреба за промена на уставот. При посета во Струга имате изјавено: СДСМ цврсто ќе стои на црвената линија, нема промена на име, устав и идентитет, изјави тој.

Велјановски го прочита амандманот 33 во кој се вели дека во Уставот на Република Македонија името ќе се менува во Република Северна Македонија.

Тој додаде дека доколку географската одредница била пред Република било во ред, но сега кога е Република Северна Македонија, се менувал и идентитетот каде што граѓаните ќе бидат северно македонци.

Велјановски го праша Заев зошто се внесувал и Рамковниот договор кога еднаш веќе кажал пред граѓаните дека Рамковниот договор нема да биде внесен во амандманите и уставот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања