„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: Имаме аргументи за Макрон дека предлогот „методологија пред проширување“ може да се трансформира во „проширување заедно со промена на методологијата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-makron-merkel-696x464

Имаме аргументи за да види претседателот Макрон дека предлогот„методологија пред проширување“ може да се трансформира во „проширување заедно со промена на методологијата“, истакнува претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервјуто за весникот „Вечер“.

— реклама —

Премиерот Заев додава дека Северна Македонија има аргументи да укаже дека одлуката да не ни биде даден старт за преговори е историска грешка и дека е доведено во прашање проширувањето како инструмент од исклучително значење за вградување и живот на европските вредности во земјите што природно им припаѓаат на Европската Унија.

„Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Ќе поминеме сигурно одреден број години во процесот на преговори по поглавја. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, го образложува својот став за весникот „Вечер“ претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања