Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев: Избирам да предизвикам да создаваме услови жените да се таму каде што се носат одлуките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Zaev

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

— реклама —

Во продолжение Ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост:

— реклама —

„Избирам да предизвикам да ја менуваме културата на третманот кој жените го имаат во нашето општество.

Се придружувам во повикот Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство.

Немаме повеќе ни минута за губење. Жртвите мора да бидат заштитени.

Како премиер, ги повикувам и владините надлежни институции да ги забрзаат измените во законската регулатива, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик со мерки за итно постапување на овие случаи. Да оневозможиме идни Јавни соби.

Денеска избирам да предизвикам промена во тоа како ја разбираме родовата еднаквост. Таа е повеќе од еднаква застапеност и дека таа е силно врзана за правата на жените и како ги применуваме во секојдневниот живот.

Кога реков дека борбата за правата на жените и девојките почнува од секој од нас поединечно ве предизвикувам да го следите мојот пример. Во мојот кабинет на повеќе од 70% од местата се жени или девојки. На раководните места – повеќето се жени.

Од 8 министерства во Владата со кои раководат членови на СДСМ, во 4 ресори раководат жени. Тие произлегоа од родово рамноправни тандемски двојки кои за првпат се воведоа како принцип на парламентарните избори.

Политичкото и економското зајакнување е одговорот на напредните демократии, какво што општество тежнееме да сме ние.

Избирам да предизвикам да создаваме услови жените да се таму каде што се носат одлуките.

Честит 8 Март, за родово еднакво општество!“ж

видео: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања