Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави дека доколку опозицијата го блокира изјаснувањето на Собранието за законот за ЈО, распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот ќе се одложат. Но не и самите избори, објави 360 степени.мк.
„За мене е многу важно да се гласа за законот во парламентот и притоа тој може да се донесе или да не се донесе. А на 12 февруари тој треба да се распушти. Но, доколку опозицијата се обидува да го минира или да го блокира гласањето за него, тогаш нормално дека парламентот нема да се распушти сè додека не заврши процесот на изјаснување и по законот за ЈО и за Протоколот за НАТО или за законот за одбрана и сличните закони“, изјави денеска Заев по сведочењето за случајот „Монструм“.Заев притоа објасни дека ова нема да значи одложување на изборите.
„Имаме простор од 15 дена за распишување на изборите и распуштање на парламентот, како што тоа го предвидуваат законите и Уставот“, рече Заев и изрази надеж дека сепак сè ќе се заврши до 12 февруари.
фото: Архива