Промени тема
Контакт

Заев: Измените ќе важат откако Грција ќе ја ратификува конечната спогодба и протоколот за нашето членство во НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev

Мојата заложба беше и останува подадена рака во име на просперитетот на сите граѓани и на нашата земја, мојата заложба беше и останува политичките решенија за нашата иднина да ги прифаќаме како добри или лоши, рече премиерот, Зоран Заев, на денешната дебата во Собранието за утврдување на нацрт амандманите.

Тој побара конструктивна расправа во Собранието и парламентот да се претвори, како што рече, во арена за натпревар на идеи.

— реклама —

-Не треба да се занемари плуралистичката природа на нашето собрание. Тоа треба да бидат забрзувач, а не кочница за нашите стратешки основи. Нема ништо спорно во иницијативата на Владата, предложените амандма се во согласност со определбите на Македонија. Идентитетот на македонскиот народ е заштитен. Нема да има промени во идентитетот. Се внесува обврска за негова заштита. Останува грижата за сите македонци што живеат надвор од државата – рече Заев.

Процесот на уставни измени, додаде тој, треба да заврши со одлука за измена на Уставот со двотретинско мнозинство гласови.

— реклама —

-Во одлуката ќе пишува дека овие амандмани се составен дел на Уставот и влегува во сила со денот на влегување во сила на конечната спогодба. Тоа значи дека измените ќе важат откако Грција ќе ја ратификува конечната спогодба и протоколот за нашето членство во НАТО, ова е дополнителна заштита за нас. Доколку Грција не ги исполни своите обврски нема да важат овие измени.Останувам на мојот збор дека и отворена понуда за инклузивност во наредните фази. Убеден сум вие пратеници, како народни избраници ќе го спроведете успешно процесот следејќи го интересот на граѓаните. Оваа и идната година се клучни за историјата на нашата држава. Решивме спор кој беше политичка и економска штета од 1991 година до сега – рече Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања