Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев: Како голем чин на солидарност и пријателство Србија ќе ни помогне со итна испорака на 8.000 вакцини „Фајзер“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
18012021_PVRSM_Zaev

Премиерот Зоран Заев соопшти дека најмалку 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“ Република Србија ги понудила за македонските граѓани, а се преговара и за други вакцини.

— реклама —

„Во директна комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000 вакцини против КОВИД-19. Тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денов. Стана збор и за другите вакцини за кои имаат договори, но за кои што треба да ги проверат клаузулите дали тоа можат да го направат. Многу сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до Владата и српскиот народ, да ја пренесам таа благодарност. Станува збор за сериозен чин на пријателство, кој покажува дека Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има“, информираше премиерот Заев, кој додаде дека претседателот Вучиќ изразил волја вакцините да бидат донација, но ние имаме средства, додаде Заев и ќе ги платиме вакцините по набавна цена.

Тој истакна дека во текот на денот тој ќе разговара со својата колешка Ана Брнабиќ во врска со постапката, а ќе се остварат и разговори на министрите за здравство на Република Северна Македонија и Република Србија околу деталите на испораката.

— реклама —

Во изјавата за медиумите, премиерот Заев уште еднаш информираше дека како што е од претходно познато, продолжуваат активностите за договорот со „Фајзер“ за 800.000 вакцини, кои ќе покријат дози за 400.000 граѓани и продолжуваат преговори и со други земји за обезбедување вакцини, додека не стигнат првите 5.850 дози на вакцини во февруари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања