Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Заев како сведок во „Монструм“: Сè што поседував како аудио снимки, СМС пораки, транскрипти, предадов во СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
smilkovsko

Родителите на убиените момчиња во случајот „Монструм“ денеска го слушнаа сведочењето на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Сè што поседував како аудио снимки, СМС пораки, транскрипти и други докази за „Монструм“ при крајот на 2015 година ги предадов во СЈО,  рече денеска во судница претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

–Според евиденцијата, имаше повеќе од 1 милион бомби. Дел имам преслушано и споделено со јавноста, но тоа е само мал дел, рече Заев одговарајќи на прашање на судијата Ставрев.

— реклама —

На прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кој ја правеше селекцијата, Заев рече:

-Разговорите, лично ги разгледував. За конкретниот случај, видов разговори во форма на транскрипти, а беа препознаени по името и презимето на тогаш осудените за случајот, за што имаше и пресуда на 180 страни, која ја имав. Селекција не може никој да направи зошто не може до крај да знае што се докази а што не. Ама кога ќе видите разговор на Фејзи Азири и друго лице знаете дека е еден од осудените, рече Заев.

— реклама —

Заев меѓу другото додаде дека имал повеќе средби со родителите на децата убиени крај Смилковско Езеро, затоа што тие сакаа да дознаат повеќе информации што се случило.

— реклама —

-На една од тие средби дел од родителите изразија сомневање дека институциите на системот, посебно правосудниот кријат одредени податоци. Поточно се работеше за 4 или 5 комуникации помеѓу тогаш осудени лица за кои што еден од тие разговори беше сокриен од нив од страна на ОЈО како службена тајна. Јас ги извадив истите комуникации и пред нив ги презентирав – рече Заев.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања