„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев како тужител смета дека „со јасно однапред смислена намера, заради политички цели се споделени апсолутни невистини, од страна Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-1

Во Граѓанскиот суд во Скопје денеска се одржа главната расправа по тужбата на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски за клевета, за изјавата на Николовски дека „Заев е врвот на пирамидата во случајот „Рекет“.

— реклама —

На денешното рочиште свои искази дадоа тужителот и тужениот. Премиерот Зоран Заев, како тужител, во својот исказ изјави дека смета дека „со јасно однапред смислена намера, заради политички цели се споделени апсолутни невистини, од страна на господинот Александар Николоски, со конечна цел, да се изманипулира јавноста“, односно, како што нагласи, со случајот „Рекет“ да се „урне неговото име“.

– Како актуелен претседател на Владата и претседател на СДСМ, а имајќи предвид дека тужениот е потпретседател или член на високото раководство на партијата опонент, ВМРО-ДПМНЕ, со многу јасно кажана изјава, преку која се гледа очигледната намера да се нанесе непоправлива штета која што ќе донесе корист, лично за него и неговата политичка партија, затоа што и јас и тужениот извршуваме високи политички и партиски функции и преку тоа, тужениот, би го намалил рејтингот, кредибилитетот и авторитетот пред граѓаните во кои што јас и тужениот, а и нашите политички партии претендираме да го градиме макотрпно, преку дела, тоа име, истакна Заев.

— реклама —

Вака дадената, како што нагласи Заев, со намера осмислена изјава, нанесува штета пред неговите соработници, пред луѓето со кои секојдневно одлучува и заедно носат одговорни одлуки, кои што имаат рефлексија врз целиот народ и врз државата и секако нанесува непоправлива штета во поглед на неговата чест и углед и на неговото семејство, роднини и пријатели.

– Ова ги поминува сите граници на политичко општење кое што не е дозволиво никаде, ниту пак, било кој поединец вака со лаги и клевети нападнат треба да го дозволи, потенцираше Заев.

извор: Сител

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања