ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија, а Министерството за правда ќе ги направи потребните измени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Zaev-1

Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија, а Министерството за правда ќе ги направи потребните измени на Законот, рече денеска премиерот Зоран Заев, откако вчера венецијанската комисија ги објави забелешките во врска со Законот за јазици, истакна премиерот Зоран Заев при денешната посета во Прилеп, каде беше на увид на работите на клучката кај Технолошко-развојната индустриска зона.

— реклама —

-Уште кога дебатиравме и со самото донесување на Законот, рековме дека ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме. Затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија која е добар репер за сите законски решенија од областа на правото и е прецизна за правосудството. Добро е што се поминува границата на европската употреба на јазиците, но сепак, нарушувате одредено право, а тоа е правото на еднаква, навремена правда и неспречување на правдата. Тоа е врвно човеково право и се однесува, буквално на сите. Верувам, додаде тој, дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува.  Значи ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Веницијанската комисија го кажува и потоа ќе се пушти во Парламентот за негово донесување. Во разговорите учествуваа Министерството за правда, потпретседателот на Владата за европски прашања, мојот кабинет, одржавме неколку состаноци, неодамна беше и генералниот секретар на Венецијанската комисија, така што, сме усогласени, рече Заев.

Заев прецизираше дека измени ќе има во делот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик во судството, за да се избегне ситуацијата кога заради овозможување на правото на употребата на мајчиниот јазик би се загрозиле некои други права.

— реклама —

Инаку законот по втор пат оваа беше изгласан во Собранието во Јануари оваа година, откако по првичното усвојување не го доби потписот на претседателот Иванов.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања