Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Заев ќе направи селфи со Мицкоски, ама ВМРО-ДПМНЕ е празна слама, рече тој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zaev-i-Pendarovski

Кога се работи за нашата земја, подготвен сум со секој да седнам, да разговарам, да подадам рака. И кон опозицијата. Немам никакви предрасуди. Подготвен сум дури и селфи со Мицкоски да направам. Само рака нека подаде. Но, тој нема капацитет, рече премиерот Зоран Заев на вечерашната конвенција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Скопје.

-Ако се откаже од неговиот претходник Груевски, ќе се сликам со него и селфи, и ќе подадам рака, дополни Заев, истакнувајќи дека земјава веќе изгуби 30 години.

— реклама —

Земјата, според премиерот, тргна напред и застанување нема зашто тоа е правецот по кој мора, треба и ќе се движиме. Патот беше болен, рече, но друга алтернатива нема.

-Ова се многу важни избори. Нашата земја чекори во вистински правец, поддржана од мнозинството граѓани дома, од целиот свет, од сите наши пријатели. Нема друг прваец. Отворено зборуваме за сите предности и слабости, дека не пости алтернатива за концептот: нашата земја-членка на НАТО, со отворени поглавја во ЕУ, со сериозни рефрми и подгнати економски капацитети. Тоа е иднината на нашата земја. Нема друг концепт и затоа нашите политички опоненти не нудат ништо. Тие се празна слама, ништо не нудат за иднината на својот народ, потенцира Заев.

— реклама —

Нагласи и дека е логично да има левица и десница, разлини идеологии, да има конкурентен натпревар, но меѓу нас, како што додаде, разликите се во векови. – Ние чекориме во 21 век, а нашите опоненти се останти во 19 век, напомена Заев на конвенцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања