Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев: Ќе организираме јавна медиумска кампања за вакцинацијата за да ја прифатат најмалку 60 до 70 проценти од граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
25122020_PVRSM_Samo_Vistina_1

Вакцинирањето е операција од врвен приоритет и јавен интерес. Тоа секако ќе биде проследено со соодветна јавна кампања во рамките на она што го предвидуваат политиките на Владата и законските рамки. Јас очекувам голема поддршка од секој граѓанин, од секоја заедница и институција, и особено од медиумите, истакна премиерот Заев во „Само интервју“ на ТВ Канал 5., и додаде дека сега е време во прв план да дојде до израз солидарноста и грижата за остварување на јавниот интерес.

— реклама —
— реклама —

„Ќе ја отвориме дебатата за утврдување на правилата за медиумски кампањи од јавен интерес со максимална инклузивност на сите засегнати: медиумите, медиумските и новинарските здруженија, граѓанските организации, надлежните институции, со сите. Масовна консултација до конечно најдобри и прифатливо за сите решение за организација и за спроведување кампањи од јавен интерес преку медиумите и другите комуникациски канали. При тоа тргнуваме од неколку важни насоки од кој најважната е дека останува забраната за владино рекламирање. Тоа не се менува. Само разговараме за тоа да се воведе можност на кампањи од јавен интерес, а поголем јавен интерес од успешно спроведување на вакцинацијата нема“, нагласи премиерот Заев.

— реклама —
— реклама —

Неопходно е, рече премиерот Заев, да постигнеме довербата во вакцините, да ги елиминираме предрасудите и да постигнеме да се вакцинира најмалку 60 до 70 проценти од населението за да постигнеме колективен имунитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања