Премиерот Зоран Заев вели дека градоначалникот на Охрид сака да ги отстапи ингеренциите за урбанистичко планирање, односно рушење и градење на објекти. Тој вели дека државата ќе стави крај на сите девојантни појави во тој регион.
„Ингеренциите се одземаат во согласност со законот. Слушнав дека и Охрид сака да ги отстапи ингеренциите. Државата ќе ги земе ингеренциите заради обврска. Обврската е средување на Охрид и Охридскиот Регион, односно ставање крај на девијантните појави таму. Ние ќе бараме компании што ќе ги извршат налозите, односно отстранување на дивоградбите што не може да бидат легализирани. Интеграциите може да бидат одземени само во согласност со законот“, рече премиерот Заев.