„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев ќе сведочи за „Монструм“, а обвинет се пожали дека добил закани по живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
monstrum-sudenje

Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“ - поточно за  петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро. Ова го најави обвинителската Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште. Судијата Огнен Ставрев најави дека од наредното рочиште закажано за 5 септември ќе почне со презентирање на „бомбите“. Тогаш еден од родителите на убиените момчиња побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“, односно оние разговори кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство.  На ова судијата се повика и на ветувањето на премиерот Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви.

— реклама —

Инаку на денешното рочиште обвинет во случајот „Монструм“  пријави дека полицаец од затворот му упатил закани по живот. На ова судијата кој го води случајот рече дека за наводите од обвинетиот ќе го контактира директорот на затворот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања