„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Заев - Курц: Австрија е и останува голем пријател и поддржувач на Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_2105

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Виена оствари средба со Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц.

— реклама —

Истакнувајќи дека секоја посета на Република Австрија е задоволство, Премиерот Заев му се заблагодари лично на Канцеларот Курц, но и на Владата на Република Австрија за се што направиле за Република Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан.

„Сега откако почна да се имплементира договорот од Преспа, се насочуваме целосно кон работа на реформите дома. Постигнатиот договор имаше позитивен импакт врз целиот регион. Со договорот успеавме да покажеме дека со партнерство и дијалог може да се постигне многу“, потенцираше Премиерот Заев на средбата со Канцеларот Курц.

— реклама —

На средбата Премиерот Заев истакна дека членството на Северна Македонија во Европската Унија е единствениот избор.

„По историскиот договор меѓу нашата земја и Грција, време е да им се посветиме на економските прашања во земјата“, рече Премиерот Заев и додаде дека оваа година сите напори ги насочуваме кон забрзан раст на економијата.

Средбата, како што истакна Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц, уште еднаш го покажува и го докажува пријателството меѓу двете земји. По успехот со решавање на спорот со Грција, Република Австрија се надева дека годинава Република Северна Македонија ќе ги започне преговорите со Европската Унија, во тој процес, рече Канцеларот Курц, Австрија и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Северна Македонија.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања