„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев: Лидерска средба не е потребна, Владата има комплетен капацитет за справување со коронакризата и носењето на одлуки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Владата има комплетен капацитет, а јас како претседател на СДСМ излегов со предлог мерки со цел справување со коронакризата, но и истакнав дека Владата има поддршка како и да одлучи, нема потреба од лидерска средба по ова прашање, истакна претседателот Заев на гостувањето во Дневникот на Националниот телевизиски сервис одговарајќи на прашањето за потребата од свикување на лидерска средба меѓу партиите со цел усогласување на ставовите и мерките кои би се предложиле во справувањето со коронакризата.

— реклама —

Владата овојпат е и техничка што значи и во неа е и опозицијата и таа, Владата е таа која треба да носи одлуки. Видовме какви инжињерски предлози презентираше опозицијата, без да консултира економски експерти. Мора да се поставиме посериозно , затоа што ова не  е кампања и не се избори, ова е скриен непријател наречен коронавирус и е заеднички за сите и не смееме да правиме политички поени од тоа. Затоа што граѓаните знаат да препознаат и нивното мислење ке ни го соопштат зад параванот кога ќе гласаат, истакна Заев.

фото: СДСМ

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања