„Јазикот е нашата најкомплетна татковина“ ќе рече македонскиот великан Блаже Конески.Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и самобитност, темел на македонскиот идентитет, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
— реклама —
Горд сум што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај, можеме да кажеме дека го сочувавме аманетот на нашите предци.Македонскиот јазик е реалност, признаен од целиот свет, впишан во картата на јазиците и во нашата карта во Обединетите Нации.На овој ден во 1945 година, азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес, нашиот, македонски јазик е признаен и потврден.На тој јазик комуницираме во своја, независна и слободна држава, но на тој јазик комуницираме и со нашите пријатели ширум светот. Гордо и достоинствено.Оддавам признание пред наследството на светите браќа Кирил и Методиј, пред творештвото на Крсте Петков Мисирков и преродбениците, пред делата на Блаже Конески и пред кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.Благодарение на нивната посветеност, денес македонскиот јазик е дел од светското јазично богатство.Упатувам огромна благодарност до лингвистите и македонистите кои неуморно работат на збогатување и унапредување на македонскиот литературен јазик, но и на зачувување на дијалектите, како неговата посебност.Оддаваме почит кон нашето славно минато, но даваме и збор пред нашата сегашност.Продолжуваме да го негуваме и да ја унапредуваме употребата на македонскиот јазик.Пред една година Владата на СДСМ го прогласи денешниот ден за Ден на македонскиот јазик, тргнувајќи од потребата за што поголема грижа за нашиот мајчин јазик.Афирмацијата и унапредување на македонскиот јазик, како официјален јазик на нашата татковина е наша водилка. Да живее македонскиот јазик, да живее нашата татковина,
истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
видео: СДСМ
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.