„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев - Меркел: Интензивниот ангажман на вклучените страни создава можности за остварување на заедничката цел - одржување на меѓувладината конференција за почеток на преговорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
04112020_PVRSM_Zaev_telefonski_razgovor_Merkel

Во телефонскиот разговор со канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев изрази благодарност за зголемениот ангажман на германското претседателство со ЕУ, за личното вклучување на министерот за надворешни работи Хајко Маас, на државниот министер за ЕУ Михаил Рот, како и за личниот ангажман на канцеларката Меркел.

— реклама —

Премиерот Заев за време на разговорот истакна дека СР Германија направи многу за европската иднина на Западен Балкан, вклучително и преку Берлинскиот процес со којшто годинава претседаваат заедно Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Во телефонскиот разговор меѓу канцеларката Меркел и премиерот Заев беше споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

— реклама —

Премиерот Заев истакна дека тоа е шанса која не треба да биде пропуштена и дека интензивниот ангажман на вклучените страни создава можности за остварување на заедничката цел - одржување на меѓувладината конференција за почеток на преговорите.

На интересот за ситуацијата со КОВИД-19 во нашата земја, премиерот Заев информираше дека сите капацитети на државата се ангажирани во справувањето со пандемијата и се заблагодари за помошта од СР Германија и од ЕУ, за медицинскиот и заштитен материјал, како и за финансиската поддршка која ја покажува солидарноста на ЕУ со земјите од регионот и со Западен Балкан во целина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања