Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Заев: Мицкоски не знае економија, нека оди да биде професор, каде е примен со ургенции на татко му

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Антикризните мерки се навремени и со нив ќе имаме најдобри ефекти во целиот регион, со најмал пад на БДП, на економијата и целосно спремни за да се справиме со последиците, истакна претседателот на СДСМ, во емисијата „Патот кон..“ на Алсат телевизија.

Правиме се, додаде Заев, за да пуштиме повеќе пари назад во економијата, затоа имаме поврат на ДДВ поголем за над 16 отсто, затоа и исплативме субвенции од 85 милиони евра кон земјоделците, за да ја стимулираме потрошувачката.

— реклама —

„ Со двата пакети мерки ќе помогнеме на 30 до 35.000 фирми, на 200-250.000 работници. Тие што останале без работа влегуваат во системот на социјална помош, се работи за 8.160 нови невработени, од кои на 4.270 им истекол договорот за работа, а не 140.000 невработени, како што зборува опозицијата, рече Заев.

Тој додаде дека заинтересираноста за мерките е голема, што покажува дека тие се добро димензионирани и осмислени.

— реклама —

„До утринава за финансиска помош аплицирале 21.000 фирми, но тој број ќе расте, со мерките ги опфаќаме сите погодени и тоа многу ќе им помогне на сите, посочи претседателот Заев додавајќи дека се подготвува и трет пакет на мерките, и истовремено потсети дека во последните години преземени се сериозни економски чекори. .

„Во последните две и пол години многу работи се променија. Имавме уништена економија, со пад од 1,8 отсто, а сега таа е со раст од 3,6 отсто. Покачени се пензиите, платите во здравството, во образованието, во социјалната заштита и затоа сме спремни да се носиме со глобалната економска криза“, заклучи Заев.

— реклама —

Несериозно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ за преземените антикризни мерки да не споредуваат со Германија и Шведска, рече престедателот на СДСМ Зоран Заев на Алсат телевизија.

-Ние сме земја во развој, а ниту Германија, ниту Шведска немаа 11 години цунами од ВМРО-ДПМНЕ како ние. Може ќе имаше повеќе пари ако не се потрошеа милијардите на споменици, жални врби, на музеи и слично. Колку маски ќе купевме за сите жални врби, за сите лавови, златни огради по мостовите, колку болници ќе изградевме. Мицкоски од таму зборува Филипче да си оди и да биде добар доктор. Нека оди Мицкоски да биде професор, каде е примен со ургенции на татко му. Ништо не знае ни од енергетика, ни од економија – нагласи Заев.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања